Центар за Интеркултурен Дијалог во соработка со Европската Проектна Асоцијација и Македонскиот Зелен Центар отвараат повик за работни групи од граѓански организации од Македонија со цел имплементација на иницијативите кои беа работени на претходно организираните Idea Labs. Повикот опфаќа 5 работни теми/групи.

Теми за работните групи:

  • Работа против дискриминација
  • Одржлив развој
  • Медиумски плурализам
  • Млади
  • Социјална инклузија на маргинализирани групи

Целта на овие работни групи, ќе биде да работи на досега креираните иницијативи и нивно подетално разработување под менторство на претставници со искуство на темите и претставници на меѓународни организации од Европа. За имплементирање на самите иницијативи, секоја работна група ќе добие одреден буџет, како би можеле да ја спроведат истата.

Работните групи ќе се спроведуваат во периодот од 15ти септември до 15ти декември. Датумите за одржување на состаноците ќе бидат во договор со менторот на работната група.

Повеќе инфо за креираните иницијативи, може да најдете на: http://cs4eu.org/idealabs-rezultati/

 

Работен јазик ќе биде на англиски.

NB: Кандидатите кои имаат учествувано во претходните активности од овој проект ке имаат предност.

Како да аплицирате?
За да аплицирате, пополнете ја апликациската форма која може да ја најдете онлајн.

За прашања поврзани со повикот и веќе креираните иницијативи,
конактирајте го Милош Ристовски @ milos@cid.mk или на +389 71 390 192.