Лабoраториите за идеи (Idea Labs) ќе бидат простор каде што претставници од здруженија на граѓани од Македонија ќе развиваат иновативни и креативни идеи за процеси за застапување кон ЕУ реформите во Македонија. Тие ќе бидат организирани со користење на неформален пристап и интерактивни активности. Тие претставуваат дводневна интензивна и интерактивна работа каде што учесниците заедно ќе развиваат иновативни пристапи кон предизвиците кои тие ќе ги идентификуваат во рамките на одредени тематски полиња.

Лабораториите на идеи ќе бидат на следниве теми: (1) Работа против дискриминација (2) Социјална инклузија на маргинализирани групи, (3) Одржлив развој (4) Млади и (5) Медиумски плурализам.
Во секоја лабораторија ќе бидат вклучени 40 претставници на здруженија на граѓани вклучувајќи ги и 20-те претставници кои претходно беа вклучени во циклусот од три обуки дел од овој проект. Главната цел ќе биде да се регрутира разноврсна група на активисти и претставници од невладиниот сектор кои делат заеднички тематски интереси.

Како што и претходно е напоменето, резултатот кој ќе произлезе од секоја од лабораториите на идеи е план за застапување во рамките на конкретни активности за застапување и предлози за тоа како да се подобри вклученоста и улогата на НВО секторот во ЕУ процесите за интеграција.

Работилниците ќе бидат одржани на следниве теми и локации:

 

Куманово – 11 – 12 јули (Одржлив развој)

Скопје – 21 – 22 јули (Социјална инклузија на маргинализирани групи)
                14 15 јули (Медиумски плурализам)
                18 – 19 јули (Млади)

Битола – 07 – 08 јули (Работа против расизам)

 

Работилниците се отворени за сите организации кои ќе изразат интерес. Сите патни трошоци ќе бидат покриени од страна на ЦИД.

Информации за местото на одржување на работилниците ќе биде соопштено по завршувањето на отворениот повик, преку електронска пошта или телефон.