Датум на настанот: 07-08 Јули 2016

Локација: Hotel Capri, Bitola

Профил на учесници: претставници на НВО

Искуство на учесниците: Учесниците на обуката беа лица кои доаѓаа од невладини организации кои работата на полето на дискриминација.

Главни заклучоци: Групата произлезе со 5 иницијативи на кои би можело да се работи во понатамошниот тек:

  1. Дискриминација против лица со инвалидитет
  2. Hate speech / Говор на омраза
  3. Сегрегација на ромска популација
  4. Полова/Родова Дискриминација
  5. Верска дискриминација

Кратка наратива: Самата обука се одвиваше во 3 процеси со цел подобро запознавање на учесниците со тематиката за дискриминација. Во првата сесија од работилницата, имавме запознаавање на учесниците меѓу себе и дискусија за тоа како нивните организации работат на полето на дискриминација. Во втората сесија, се презентираше кратка презентација со видовите на дискриминација кои постојат во Република Македонија, каде се даваше осврт за секоја вид на дискриминација. Во последните две сесии, учесниците беа подолени во 5 групи каде работеа на спроведување и пишување на кратка идеа, или акциа, за решавање на проблемот со дискриминацијата, зависно во која група и во која од петте понудени и претходно издвоени типови на дискриминација сакале да учествуваат.Главно беа расположени да работат на законско решавање за справување со дискриминацијата

 

Дискриминација на лица со инвалидитет

Опис на предлогот:

Работите кои беа издвоени како главни цели кои треба да се работи против дискриминацијата на лица со инвалидитет, наведоа кон менување на законските регулативи и подигнување на свеста на граѓаните за работа против дискриминацијата.

Кратка содржина:

Со последните измени во законите, каде е задолжително градење на рампи за лица со инвалидитет во јавните институции, работната група предвиде дека истиот таков третман треба да го имаат сите организации и компании кои работат на ниво на Македонија.

Исто така како една работа се прозинесе и нудење на еднакво образование за сите, еднакви здравствени услуги и доколку лицата кои имаат некаков инвалидитет, можат да извршуваат работни обврски.

  1. Креирање на кампања
  2. Задолжително градење на рампи (законска регулатива)
  3. Еднакво образование за сите (Лицата со инвалидитет или лицата со пречки во развој да имаат некакви ослободувања од партиципација за школување и работење под менторство)
  4. Нудење на еднакви здравствени услуги

Посебни третмани за лицата со инвалидитет на работните места, но на ова поле најпрвин треба да се подигне свеста на работодавачите дека лицата со инвалидитет не треба да бидат исклучувани и дискриминирани, како неработоспосбни

Говорот на омраза / Hate speech

Опис на предлогот:

Говорот на омраза се повеќе и повеќе зема залет во Маќедонија, посебно преку медиумите кои секојдневно емитуваат некакви содржини каде користат говор на омраза. Борбата против говорот на омраза ќе се заснова преку креирање на кампањи и предавање на едукативни работилници кои ќе водат до зголемување на свеста, посебно на младите.

 

Сегрегација на ромската популација

Опис на предлогот:

Во градот каде се одржуваше самиот семинар, важи за град каде дискриминацијата против ромската популација е на многу високо ниво. Во последниот извештај од Европската комисија, стои случај каде Министерството за образование, заедно со средното училиште во Битола, пробале да ги исклучат ромите кои учеле во тоа училиште, а со тоа и да направат отстапки од правилниците донесени од Министерството за образовани, каде со тоа директно се вриши дискриминацијата на ромската популација во Битола, посебно на младите во Битола.

Кратка содржина:

Главната цел на оваа работна група беше да се покрене свеста на народот во државата за ромската популација и за нејзино прифаќање.

  1. Слободно образование за ромската популација и третирање еднакво во образовните институции, изготвување на правилници во училиштата. Нудење на квалитетно образование за сите подеднакво
  2. Намалување на говорот на омраза према ромската популација
  3. Третирање еднакво пред законите.
  4. Третирање и не злоупотребување на работните позиции
Полова/Родова дискриминација

Опис на предлогот:

Исклучување од работа поради сексуалната одредница, непружање на соодветен здравствен третман, дискриминација во секојдневното функционирање, се ова се случува во Македонија на ЛГБТи луѓето. Во Македонија нееднаквоста пред законите за ЛГБТи популацијата е најголемата дискриминација со која се соочува моментално државата. Менувањето на законите в опоглед на оваа дискриминација се неизбежни и треба повеќе да се крене свеста на граѓаните за еднаквноста на сите луѓе пред законите.

Кратка содржина:

Како маргинализирана група која најчесто е дискриминирана во Македонија. Во многу голем број на случаеви, ЛГБТи заедницата била во ситуација каде дискриминацијата доаѓала и од повисоко ниво, па во поглед на тоа, работната група во која учествуваа организации кои работата на ова поле произлегоа со:

  1. Подигнување на свеста преку креирање на кампања
  2. Оддржување на обуки
  3. Менување на законски регулативи за половата дискриминација
  4. Еднаквост во образовните институции (Според истражување, ЛГБТи заедницата е дискриминирана во образовните институции)
  5. Еднакво на работното место
  6. Еднаквост во здравствените институции
Верска дискриминација

Опис на предлогот:

Македонија како мултиетничко општество, се соочува со голем број на случаеви каде е употребувана верската дискриминација. Говорот на омраза најчество се употребува према Муслиманите во Македонија. На ова поле треба да се работи многу повеќе, каде најпрвин бара менување во некои законски регулативи, бидејќи до сега никаде тоа не е регулирано. Најчество моментот на вербална расправија каде се употребува верската дискриминација потпаѓа во делот на Hate Speech, но оној дел, каде се исклучувани од работа поради одредена верска позадина или не дозволување на соодветно здравство поради верската позадина, никако не е регулирано.

Кратка содржина:

Во оваа работа против дискриминација треба да се работи повеќе кон менување на законските регулативи и менување на законите во Мкаедонија. Во македонија верската дискриминација е највеќе застапена во образовните институции и на медиумите.

На ова поле највеќе треба да се работи и да се предвидат многу поголеми казни од досегашните најпрвин према медиумите а подоцна и до индивидуи. До сега многу од медиумите на верска основа имаат навредено некој од малцинставата во Мкаедонија, а тоа е најчесто муслиманската вера. Па во тој поглед,

  1. Менување на законите и законските регулативи
  2. Поголеми казни за институциите, компаниите, организациите кои ќе имаат некаква верска дискриминација
  3. Спроведување на обуки за млади за покренување на свеста
  4. Посета на училишта за работа против верската дискриминација