Датум на настанот: 11-12 Јули 2016

Локација: Kуманово

Профил на учесници: претставници на НВО

Искуство на учесниците: Невладини организации од регионот, претставници на секторот за Локален економски развој и Екологија на Локалната самоуправа, Младински работиници од Младинскиот центар во градот Куманово, претставници на Црвениот Крст….

Додатни информации: Интересен дел од настанот беше заинтересираност за темата на учесници од  различна возраст и со различно искуство. Токму тој момент на искуство и модерниот развој на општеството доведе до широки дискусии за состојбите во Македонија и регионот  од аскпект на гледиштата на помладите и постарите учесници, со чести споделувања на лични сознанија и искуства.
Како резултат на тоа во групата двата дена постоеше позитивна работна атмосфера.

Мултикултурна соработка и разбирање

Опис на предлогот:

Организирање на „Мултикултурен Камп“  за млади со различна етничка припадност кои доаѓаат од рурални средини со цел развивање  свеста кај учесниците за човечките вредности како единка без разлика на средината од која доаѓа.

Кратка содржина:

Мултикултурен камп ќе собере 10 млади лица со различна етничка припадност кои потекнуваат од рурални средини од североисточниот регион на Македонија,
Во рамки на кампот покрај активности за запознавање на учесниците и учење за културните разлики ќе се подготви план за мали акции со вклучување на локалното население. Намерата е да се подигне свеста за присатноста на дискриминација помеѓу младите.

Пoдобри работни места – подобар квалитет на животот

Цел: 

Подобрување на информираноста за подобар развој на руралните средини и зголемување  на квалитето на животот.

Опис на предлогот:

Спроведување на истражување на расположливите кадри на  пазарот на трудот и потребите на пазарот што ке послужи како основа за реализирање на обуки за невработени лица и нивно приближување кон потребите на пазарот на трудот.

Кратка содржина:

Проектот би опфатил планирање и релаизирање на истражување  за бројот на невработени,  видот на расположливи кадри и потребите на пазарот.

Добиените резултати ќе се искористат за организирање на инфо денови  во соработка со бирото за вработување на повеќе локации (подржано од локалните медиуми)  каде на младите ќе им се понудат информации за тоа каква работна сила е потребна и ќе им се даде можност да бидат дел од обуки  за доближување на своите вештини и знаења до онаа што е актуелна побарувачка на пазарот на трудот.

Обуката ќе ја реализираат професионални лица од соодветни области а таргет групата ќе бидат невработени, работоспособни лица од 20 -48 години.

По одреден временски период ќе се направи евалуација на резултатите односно ќе се провери колу од обучените лица се вработени.

Се очекува преку информираноста на младите за можностите да се поттикне поголема агилност во однос на активно барање на работа и постојано надоградување на сопствените вештини. Тоа најверојатно ќе доведе и до подобрување на квалитето на животот кај овие лица.

Младите во движење!

Цел:

Цел на проектот е Воведување на квалитетна  пракса  во образовниот процес во средните училишта и факултетите преку поттикнување промени во закон за средно и високо образование односно воведување на задолжителна практична работа за време на едукацијата.

Опис на предлогот:

Активноста ќе опфати потикнување на критичко размислување   во однос на квалитето на праксата за време на едукацијата во средните стручни училишта и факултетите преку јавни трибини , со намера да се влијае на промена на законот за високо и средно образование.

Кратка содржина:

Потребата од јавни дискусии и размена на идеи за решавање на зададениот проблем. Преку изработка на план студија за добра и квалитетна пракса и првична подготовка на предлог промена на закон до Министерстовото за образование на Република Македонија.  Спроведување на студијата ќе биде од страна на експерти кои ќе ги координираат јавните дискусии и ќе собираат податоци  кои ќе ги искориатат при подготовката на предлог промената на законот и притоа ќе го мониторираат целиот процес.

Енергетско Ефикасни Улици

Цел: 

Целта на прокетот е  намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Опис на предлогот:

Проектот предвидува искористување на сончевата енергија, преку инсталирање на улични системи за осветлување во две села до североисточниот регион на Македонија. С. Горно Којнаре – Куманово и с. Мождивњак – Крива Паланка во должиона од 1- 1.5 км во зависност од бројот на жители во селата.

Резултати на спроведување на овој мини проект ќе биде заштеда на финансиски средтва  со искористувње на сончева енергија при производство на светлина преку примена на соларни сијалици за осветлување на горенаведентие населени места. .

Кратка содржина:

Одржлив развој е основа на проектот за искористување на сонцевата енергија за осветлување на населени места. Првиот чекор ќе биде информирање на граѓаните за предлог проектот и  бенефитите од истиот. Втор чекор ќе биде избор на тим за евалуација и мониторинг. Трет чекор: Изработна на техничка документација ( дозвола за градби, тендерски документации, оддобренија и с лично.

Понатаму ќе следи имплементација  односно поставување и инсталирање на соларните светилки. Следува потпишување на договр за одржување со локалните самоуправи и Јавните препријатија кои стопанисуваат со осветлувањето на наведените населени места. Проектот би се реализирал во текот на 2017 година, а предвидениот буѓет изнесува 3000 евра.