Датум на настанот: 18-19 Јули 2016

Локација: Скопје

Искуство на учесниците: Учесниците беа претставници на младински организации, организации кои работат со млади и граѓански организации. Искуството на учесниците варираше од луѓе со повеќе годишно искуство во имплементирање на младински активности до учесници со помалку искуство. Секој од учесниците е инволвиран во младнскиот сектор. Учесниците доаѓаат од различни градови во Македонија и имаат различна етничка позадина.

Главни заклучоци: Првин, учесниците направија мапирање на услугите од страна на јавниот и граѓанскиот сектор кои младите можат да ги користат а веќе постојат во земјата. Потоа, според тоа што недостасува тие почнаа да размислуваат за конкретни прашања кои треба да бидат адресирани. Преку групна работа, учесниците успешно ги мапираа многуте проблеми и потреби на младите луѓе. Учесниците ги собраа сите информации и одлучија да работат на поспецифични случаи кои тие сметаа дека се најприоритетни.

Кратка наратива: Учесниците работеа активно и секој од нив даде свој допринос на процесот. Тие веќе имаа искуство и основа за темаата поради што и можеше полесно да се воспостави пријатна работна атмосфера за дискусија и работа. Преку методите на неформално образовани, учесниците го мапираа веќе постоечкото, ги разгледаа потребите на младите во Македонија и потоа избраа и разработија 6 различни теми кои според нив беа најважни.

Младинска работа во Македонија

Опис на предлогот:

Учесниците на оваа група одлучија дека е многу важно да се работи активно на нудење на младинска работа во училиштата (формалниот образовен систем). Тие сметаат дека ова е метод преку кој ќе се понуди социјално и персонално надоградување на сите млади, вклучувајќи ги и оние кои се недостапни во младинските центри и на други младински настани. Социјално и персонално надоградување на младите луѓе е од суштинско значење за нивната трансформација од дете преку тинејџер па се до одговорна возрасна личност. Во поглед на ситуацијата на младинската работа во Македонија, во овој момент, решението кои учесниците го понудија беше нудење на младински активности во училиштата.

Кратка содржина:

Што: Промовирање на младински активности и неформално образование во училиштата.

Кога: септември – декември, 2016

Каде: Образовни институции како основни и средни училишта

Како:

  • Преку образовни работилници со млади луѓе, што ќе доведе до нивно социјално и персонално надоградување;
  • Образовни активности кои ќе бидат наменети за родителите да се информираат за потребата и придобивките од младинските активности;
  • Истражување за потребата од младинските активности во училиштата;
  • Промоција на придобивките од младинската работа.

Целна група: Млади луѓе помеѓу 10 и 20 години, наставници и родители.

Со кого: младински организации, организации за млади кои нудат младинска работа, млади, персоналот на училиштата и родителите, општините и други релевантни институции.

Системи за младинско информирање

Опис на предлогот:

Учесниците на оваа група сметаа дека е многу важно да се фокусираат на креирање на системи за младинско информирање. Како предмет кој е доста разработен во Европа веќе 20-тина години, случајот во Македонија е различен. Постојат можности за младите луѓе во Македонија, но до нив не доспева информацијата поради немање на можност или поради јазичната бариера.

Кратка содржина:

Што: Кампања каде што тие ќе се исконсултираат со општините во врска со отварање на Клубови за младинско информирање во секоја општина во Македонија

Кога: септември – декември, 2016

Каде: Во секоја општина во Македонија

Крајните очекувани резултати преку кои ќе се постигне младинска информираност се следните:

  • Функционална веб страна која младите од Македонија ќе можат лесно да ја користат;
  • Инфо-клубови од отворен тип во секоја општина во Македонија.

Учесниците сакаат да ја постинат целта преку низа настани каде што ќе понудат објаснување кон општините за важноста на соработката помеѓу младите, бизнис секторот и невладините организации.

Целна група: Општините во Македонија

Корисници: Млади луѓе на возраст од 10-20 години, наставници и родители.

Со кого: младински организации, организации за млади, млади, општини и други релевантни институции, како и бизнис секторот.

Центри за ментална хигиена во секоја образовна институција

Опис на предлогот:

Менталното здравје, според учесниците е една од главните теми кои се важни за младите а не се доволно разработени, или пак активностите кои се нудат на тие теми не се доволни во поглед на квалитет и квантитет, ниту пак се достапни за сите. Менталното здравје е од голема важност, особено во ова време кога на оваа не се дискутира ни во медиумите ниту пак во секојдневниот живот. Дискусијата ги доведе учесниците до пристапот на младите луѓе до услугите за ментално здравје и надоместоците кои се плаќаат и тоа како менталното здравје е табу тема во Македонија и никој не дискутира за тоа.

Кратка содржина:

Што: Промовирање на менталното здравје и услугите кои ќе бидат достапни на сите млади луѓе.

Кога: септември – декември, 2016

Каде: Македонија

Како:

  • Петиција потпишана од страна на граѓаните која ќе биде презентирана на Владата на Република Македонија
  • Образовни работилници со млади луѓе и други релевантни засегнати страни
  • Соработка со понудувачите на услуги за ментална хигиена

Целна група: Граѓаните на Македонија, младите луѓе, релевантни институции, Владата на Р. Македонија, понудувачите на услуги за ментална хигиена.

Со кого: младински организации, организации за млади кои нудат младинска работа, млади, понудувачи на услуги за ментална хигиена, персоналот на училиштето и родителите, општините и други засегнати институции.

Зголемување на стандардот на формално образование (Особено во системот на високо образование)

Опис на предлогот:

Високото образование во Македонија во последните 10 години е тренд за младите кои завршуваат средно училиште. Без никакви системи за кариерна поддршка или кариерни советници кои би ги насочиле младите кон различни професии или што се бара на пазарот на трудот, поголемиот дел на млади одлучуваат да се запишат на универзитети бидејќи деновиве тоа е многу вообичаено во Македонија. Овој момент води до кон намалување на квалитетот на образованието, пропуштање на можноста за пракса и да се биде ефикасен, за да на крај младите останат дома без работа по добивање на диплома од Универзитет. Во тој поглед, учесниците од оваа група одлучија да се насочат повеќе кон подигање на стандардите на системот за високо и образование.

Кратка содржина:

Што: Промовирање на ментално здравје и услугите кои ќе бидат достапни на младите луѓе

Кога: септември – декември, 2016

Каде: Македонија

Како:

  • Истражување за моменталната ситуација и потребите на студентите
  • Соработка со студентските организации
  • Започнување на преговарачкиот процес со релевантни институции

Целна група: Студентите од унверзитетот во Македонија

Со кого: младински организации, студентски организации, студенти, универзитети, професори, млади луѓе, општини и други релевантни институции.

Намалување на бројот на невработени млади луѓе

Опис на предлогот:

Невработеноста во Македонија е нешто што се случува во текот на овие години. Моменталната влада на некој начин работи на поставување на политики за подобрување во поглед на ова прашање, но и понатаму бројот на невработени луѓе во Македонија е на многу високо ниво, па многу од младите се исселуват поради тежнеење кон пристоен живот во локалната средина.

Кратка содржина:

Што: Намалување на бројот на невработени млади луѓе во Македонија

Кога: септември – декември, 2016

Каде: Македонија

Како:

  • Преку поставување на различни механизми како што се дијалози со институции и работни групи за да се започне процесот на креирање на стратегии за намалување на бројот на невработени млади лица во Македонија
  • Заедно со релевантните засегнати страни да се работи на понудување на можности на младите за подобрување на нивните вештини и капацитети.

Целна група: граѓаните во Македонија, млади, релевантни институции, Влада, бизнис сектор.

Со кого: младински организации, организации за млади, млади, бизнис сектор, персонал на училиштето и родителите, општини и други релевантни институции.