Датум на настанот: 21-22 Јули 2016

Локација: Скопје

Профил на учесници: претставници на НВО

Искуство на учесниците: Учесниците беа претставници на граѓанскиот сектор, воглавно вработени или волонтери од НВО кои работат на правата за маргинализираните заедници, луѓе со помалку можности и ромската заедница.
Исто така имаше и учесници од младински, културни, хуманитарни организации и организации кои работата на човечките права.

Главни заклучоци: Групата успеа да развие 3 идеи:

  1. Иницијатива за лобирање за подобрување на на политиките поврзани во бездомници;
  2. Театар на маргините (Преку културата да се адресираат правата на маргинализираните заедници);
  3. Образование без предрасуди (кампања за достапно образование за маргинализираните заедници, без дискриминација и сегрегација) ;

Кратка наратива: Лабораторијата на идеи за социјална вклученост на маргинализирани заедници беше спроведена преку кратка теориска презентација, дискусија на различни теми поврзани со маргинализирани заедници, работење со мали групи според интересот на учсениците, презентации од работните групи и дискусија за наредните чекори.

Учесниците беа многу заинтересирани за работење на правата на луѓето со помалку можности, Роми, корисници на наркотици, ЛГБТИ заедницата и самохрани родители. Воглавно, тие беа заинтересирани за работа во неколку области: вдомување, образование, пристап до здравствени услуги, вработување и заштита од насилство. НА последната работилница учесниците произлегоа со 3 идеи:

  1. Иницијатива за лобирање за подобрување на на политиките поврзани во бездомници;
  2. Театар на маргините (Преку културата да се адресираат правата на маргинализираните заедници);
  3. Образование без предрасуди (кампања за достапно образование за маргинализираните заедници, без дискриминација и сегрегација)
Театар на маргините (Преку културата да се адресираат правата на маргинализираните заедници)

Опис на предлогот:

Театар на маргините е иницијатива која цели кон користење на културата преку која би ги промовирале правата на маргинализираните групи, би ги адресирале човечките права и заштитата од насилство кое го трпат маргинализираните групи. Втората идеја зад иницијативата е да се вклучат различни маргинализирани групи во културниот живот бидејќи ова поле е доста недостапно за маргинализираните групи.

Кратка содржина:

Идејата е да се креира театарска претстава со актери и актерки од маргинализираните заедници. Театарската претстава ќе има 5 дела кои ќе адресираат различни прашања/ човечки права и прекржоци направени кон маргинализираните групи. Секој дел ќе биде одглумен од страна на маргинализираните групи. Прашањата и деловите на претставата се следните:

  1. Вдомување на Ромите. Овој дел ќе го постави прашањето на животните услови на Ромите во Македонија, недостатокот на проекти за социјално вдомување и лошите животни услови на местата кај што се населени Ромите (лоши или непостоечки инсталации на електрична енергија, вода и канализација)
  2. Пристап до услугите за здравство без дискриминација и достапни третмани за корисници на наркотици. Со овој дел од претставата ќе ја адресира дискриминацијата базирана на здравствениот статус и која е насочена против корисниците на наркотици, вклучувајќи го и квалитетот на услугата.
  3. Насилство против ЛГБТИ. Овој дел е поврзан со хомофобијата и трансфобичното насилство како и недостатокот на институционална одговорност кон проблемот, бидејќи Македонија нема никакви политики за превенција на насилство и говор на омраза базиран на сексуална ориентација и родов идентитет, и полицијата и јавното обвинителство не сакаат да ги казнат сторителите на многуте хомофобични и трансфобични напади.
  4. Вработувањето на самохрани родители (особено мајки). Државава нема никакви ефективни политики за самохрани родители, но има родова дупка во вработувањето и дискриминацијата на жени на пазарот на трудот каде што мајките се посебно таргетирани. Тие се соочуваат со недостаток на социјална поддршка, дискриминација во пристапот на маркетот на трудот и недостаток на пред-училишни установи.

Образование на луѓе со посебни потреби – луѓе со било какви посебни потреби во Македонија се соочуваат дискриминација  и сегрегација на секое ниво во образованието.  Со намера за имплементирање на интегрирано образование, повеќето луѓе со посебни потреби се пратени во специјални установи каде што квалитетот на образованието е на многу ниско ниво и тие развиваат ниски животни очекувања. Во системот на регуларни училишта тие се соочуваат со малтретирање, изучување на материјали што не се прилагодени кон нивните потреби и со институции кои не се достапни а пак наставниците и други едукатори едноставно не се адекватно тренирани.

Театарската претстава ќе биде развиена со помош на писатели и активисти, и ќе биде изведена на јавни места во неколку градови во Македонија. Групата исто така планира медиумски активности и активности за промоција на претставата преку традиционални и нови медиуми преку кампања, дебати во различни градови и прес конференции, принтање и разделување на флаери и постери. Иницијативата има за цел да ја подигне свеста на јавноста со фокус на културни работници и донесувачи на одлуки.

Иницијатива за лобирање за подобрување на политиката на бездомниците;

Опис на предлогот:

Иницијативата се фокусира на креирање на заеднички јавни политики преку платформа на граѓански организации кои работат на човечки права и социјална правда. Групата ќе креира план за лобирање и ќе го имплементира, и на крај ќе ја надгледува вклученоста на предложените политики во официјални документи. Проблемот со бездомниците и неефективните установи за вдомување не се многу популарни во Македонија во јавноста и помеѓу граѓанскиот сектор на различни аспекти од социјална помош и човечки права.

Кратка содржина:

Иницијативата се фокусира на подобрувањето на политиките за вдомување преку лобирање. Главната цел е намалување на бројот на бездомници во Македонија. Иницијативата цели кон влијаење на националните и локалните политики поврзани со вдомувањето. Целната група на оваа иницијатива се одлучувачите или поточно Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и Унијата на локални самоуправувачи. Најважните актери за оваа иницијатива се: Агенција за социјална работа, медиумите, Центарот за социјален труд, Униите на вработувачи, политичките партии и бездомниците.

Главни активности:

1.       Состаноци со сите релевантни страни во врска со подготовките за лобирање

2.       Развивање на документ за подобрување на политиките за вдомување базирани на најдобрите практики од национално и интернационално ниво

3.       Организирање состаноци со релевантние страни за презентирање на политиките и лобирање за нивна имплементација од страна на политичките партии, парламентарните комисии и Министерство за труд и социјална политика и Министерство за транспорт.

4.       Јавна кружна маса со сите релевантни актери и експерти кои ќе дискутираат на предложените политики и нивната имплементација.

5.       Прес конференција и други медиумски активности за информирање на јавноста и одлучувачите за главните барања, проблемите и потребите за подобро вдомување.

6.       Принтање на информативен материјал со краток опис на моменталната ситуација и методите за подобрување и намалување на бројот на бездомници.

7.       Надгледување на имплементацијата и вклученоста на политиката во официјалната програма на политичките партии.

Главната идеја зад оваа иницијатива е да се задоволат основните потреби како вдомување кои не се задоволени и не можат да се уживаат основните човечки права.

Образование без предрасуди (кампања за достапно образование за маргинализираните заедници, без дискриминација и сегрегација)

Опис на предлогот:

Иницијативата цели кон адресирање на неколку проблеми во образовниот систем во Македонија, поточно, дискриминација и предрасуди насочени кон многуте маргинализирани групи. Иницијативата ќе повикува на солидарност и единство за инклузивен едукативен систе. Иницијативата се фокусира на имплементација на кампања и ќреирање на поширока платформа и критичка маса која ќе го искаже своето мислење во поглед на поставените прашања.

Кратка содржина:

Главната цел на оваа иницијатива е да ја подигне свеста кај одлучувачите, активистите и јавноста за потребата на инклузивно образовани. Иницијативата се фокусира на неколку аспекти од образованието:

  1. Пристап кон образованието за луѓе со посебни потреби, млади Роми и девојки и млади од руралните области. Овој аспект не само што се однесува на физички пристап до образовните установи туку и пристап до материјали, недостатокот на училишта и големите надоместоци за образование.
  2. Квалитет на образование – овој аспект се однесува на нискиот квалитет на образованието во поглед на дискриминација и предрасуди во училишните книги кои се поврзани со пол, сексуална ориентација, итн. Недостатокот на тренирани едукатори за работа со лица со посебни потреби и лошите услови во образовните установи како и недостаток на сексуално образование.

Релевантни актери: НВО, родители и студенти, едукатори и образовни институции, Министерство за образование и наука.

Активности:

  1. Поставување на поширока платформа на граѓански организации кои ја поддрѓуваат идејата за социјална вклученост во образованието, вклучувајќи ги и образовните институции (професори, наставници и експерти) и родители.
  2. Организирање на состаноци за дефинирање на главните области, пораките и планот за кампањата.
  3. Организирање на дебати во училиштата (основни и средни) на различни теми за социјална вклученост на маргинализираните групи во образованието каде што претставници на НВО секторот, образовните институции и студентите ќе бидат поканети.
  4. Креирање и дистрибуирање на материјали за инклузивно образование. Постерите ќе бидат разделени во основните и средните училишта. Прирачник наречен “Дознај ги своите права во образованието” ќе биде објавен за да ја информира јавноста (студентите и родителите) за нивните права во текот на образовниот процес.
  5. Инфор-денови ќе се организираат во 5 града каде што претставници на НВО секторот ќе зборуваат со јавноста и ќе ги разделуваат материјалите вклучувајќи го и прираникот.

Снимање на видео и аудио со пораки за инклузивно образование. Видеото ќе го отслика прашањето на луѓето со посебни потреби, ЛГБТИ зазедницата и Ромите во поглед на образованието. Видеото и аудито ќе бидат промовирани преку социјални медиуми и традиционални медиуми (радио и ТВ). Видеото ќе биде промовирано на прес конференција.