По спроведувањето на IdeaLabs во јули, неколку иницијативи беа предложени од страна на учесниците да се развиjат во иницијативи за застапување. Се дискутираше за многу теми, беше анализирано и се дебатираше за време на IdeaLabs, следниве теми беа избрани за понатамошна имплементација:

За лабараториите на идеи на тема “Младите“, избраната беше темата за младинската работа и нејзиното значење во актуелниот контекст во Македонија, со оглед дека младинската работа не е препознаена како професија од страна на надлежите министерства и агенции.
За лабораторијата на идеи на тема “Одржлив развој” ја избраа темата за како младите да добијат поголема конкурентност на пазарот на трудот, со оглед на високата стапка на невработеност и предизвиците со кои се соочуваат младите да станат вработени.
На лабораторијата за иде “Медиумски плурализам” се фокусираше на потребата од медиумска писменост или подетално како најголем младински медиум, да се истражи финкционирањето на студентските радиа.
На лабораторијата на идеи “Работа од дискриминација” се дискутираа вкупно шест теми но на крајот се дојде до заклучок, по споделувањата на различни конкретни теми и случаи на дискриминација да се работи на сегрегација на ромската заедница, феномен што може да се забележи во поголемиот дел од македонските населби.

Работните групи за иницијативи за застапување се создадени врз основа на јавен повик и имале неколку средби во месеците октомври, ноември и декември. Како резултат на тоа, се создадоа планови за спроведување на активности за секоја иницијатива за застапување, кои можете да ги најдете тука.

Работните групи се подготвени за средби со менторите и да продолжат со работа на следните чекори за спроведување на нивните иницијативи.