European Project Association, Center for Intercultural Dialogue и Macedonian Green Center се во потрага по ментори кои ќе го фацилитираат спроведувањето на иницијативи за застапување, кои се дел од проектот Граѓанско општество за Европски Интеграции. Иницијативити за застапување ќе бидат организирани на локално или национално ниво кои ќе работат на справување со предизвиците на процесот на евроинтеграција, и ќе се фокусираат на влијанието врз јавното мислење на национално и локално ниво, како и вклучување во процесот на креирање политики поврзани со ЕУ интеграциите и ЕУ реформите.


За менторство:


Овој повик е отворен за граѓански организации кои работат на национално, регионално и европско ниво, кои се во состојба да дадат експерти за теми на кои ќе работат иницијативите за застапување, со назначување на најмалку два (2) експерти. Задачата на менторство ќе ги вклучи следниве аспекти:

  • Онлајн консултација со работната група за спроведување на иницијативата за застапување. Онлајн консултацијата ќе биде направена преку е-мејл комуникација и онлајн состаноци, со цел да ја поддржи подготовката на работната група на иницијативата за застапување и да даде насоки каде што е потребно;
  • Лице во лице менторство, со патување во Скопје, Македонија, во текот на спроведувањето на иницијативата. Активностите ќе вклучуваат директни средби со работната група, каде менторот ќе треба да обезбеди насоки и поддршка во спроведувањетона иницијативата за застапување. Оваа поддршка може да се обезбеди преку доделување на презентации или клучни насоки на главниот настан на иницијативата;

Секоја организација ќе може да аплицира само на една тема и ментор на една иницијатива за застапување.


За организациите која ќе аплицира, треба да ги исполнува следните критериуми:


– Да има експертиза во однос на темата за иницијатава за застапување;

– Да имаат искуство во водење на процесите на застапување во соодветната област;

– Се во состојба да обезбеди најмалку 2 експерти со искуство во соодветната област.


За менторите кои ќе аплицираат, треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– Формално образование кое одговара на завршени универзитетски студии во траење од најмалку четири години, потврда со диплома или диплома во областа на општествените или докажано работно искуство; вишо образование најмалку 2 години професионално искуство во слични области)

– Најмалку 2 години работно искуство

– Експерт во полето на застапување, ЕУ Интеграции и/или градење на капацитети.

– Можноста да се претстави, да се објаснат и да се олесни индивидуалното и групно учење во областа на темата на која ќе работи иницијативата за застапување

– Едукативни и комуникациски вештини – способност да се претстават концепти, методологии и теории кои се релевантни за темата на иницијативата;

– Искуство во подготовка и водење активности за обука врз основа на неформални пристапи за учење;

– Флексибилност за покривање на потребите на учесниците

– Способност за работа во интеркултурен тим на обучувачи;

– Одлично познавање на англиски јазик;


За да аплицирате:


За повеќе информации за проектот, критериуми за аплциитање и активности, ве молиме кликнете тука за да го превземете целосниот повик.

Ве молиме испратете 2 копии од CV-то од двајцата назначени експерти и мотивационо писмо каде ќе укажува на предложениот буџет за извршените услуги на cs4eu@europeanprojects.org.