Во октомври, 20 организации од граѓанскиот сектор во Македонија имаа можност да учестуваат на студиска посета во Брисел. Студиската посета беше дел од проектот „Граѓанско општество за европски интеграции“ поддржан од Европска Комисија преку ИПА инструментот.

Посетата се одржуваше во периодот од 9-12 oктомври и ги вклучи следните институции:

  • European Parliament Youth Intergroup
  • European Youth Forum
  • Organising Bureau of European Schools
  • Students Unions – OBESSU
  • VZW Media Actie Kuregem-Stad – Maks
  • European Volunteer Center – CEV
  • European confederation of Relief and
  • Development NGOs – CONCORD
  • European Disability Forum – EDF
  • The International Lesbian, Gay, Bisexual,
  • Transgender, Queer and Intersex Youth &
  • Student Organisation – IGLYO
  • Inclusion Europe
  • European Network Against Racism – ENAR
  • Transparency International EU Office
  • Platform for International Cooperation on
  • Undocumented Migrants – PICUM
  • SOLIDAR
  • European Citizen Action Service – ECAS
  • European Youth Information and
  • Counselling Agency – ERYICA
  • TANDEM
  • PLATFORME CITOYENNE

Во времетраењето на посетата која беше 3 дена, сите учесници беа поделени во групи со цел да се поминат повеќе организации во тој период. Во зависност од позадината на организацијата, учесниците научија како една организација финцкионира и работи на Европско ниво и кои напори ги прават организациите во поглед на застапување и лобиреање насочено према Европските институции.
Врз основа на искуството кое го стекнаа за време на студиската посета, учесниците ќе работа на развивање на иницијативи за застапување во нивните локални заедници кои ќе ја претставуваат следната фаза на проектот.

Сања Михајловска, учесник на студиската посета, од организацијата КРИК/Центар за младински активизам, ги сподели своите искуства за време на студиската посета:

Групата во која бев ги посетувавме организациите/мрежи European Youth Forum, Inclusion Europe, ENAR и IGLYO, Европскиот форум за попреченост и, исто така, Европскиот парламент и Комисијата. Во дискусијата се фокусиравме на она што се работи, кои се нивните инструменти и механизми, пристап кон задачите и проблеми, како се финансираат и како да се стане член на тие мрежи и можни партнерства. Дознав други организации кои работат со лицата со хендикеп, научив за нивната работа во младинските центри и како тие се служат со користење на помошна технологија. Делот кој ми остави најголем впечаток ми беше посетата на Европскиот форум за попреченост, како и разговорот со Loredana Dicsi. Јас веќе ги користам сите информации кои ги стекнав на студиската посета во мојата организација. Се надевам дека во иднина, после враќањето од Брисел ќе успееме да направиме добра соработка со локалните организации и се разбира со организациите што се сретнавме во Брисел, за да работиме заедно на некои проекти и активности.