Главната цел на обуката за мултипликатори  е да се развие во надлежност на 20 претставници на невладиниот сектор во застапување, лoбирање и вмрежување на интеграцијата и агендата на ЕУ.

Трите модула на обука се содржани во следниве теми:

Модул 1: Општи застапувања и лобирања

Овој модул е граден околу општите концепти на застапување и лобирање, фокусирајќи се на улогата на претставниците на невладиниот сектор и другите засегнати страни во планирање и развој на застапувачките процеси. Ќе ги претстави фазите и чекорите на застапувањето и лобирањето кампањи, оспособувајќи ги учесниците со алатки и водачи во планирање и спроведување на ефикасни застапувачки процеси.

Модул 2: Застапување на агенда на ЕУ

Овој модул ќе донесе запознавање со европските интеграции како основа која се одразува во улогата на развојот на претставници на невладиниот сектор, врз основа на застапување, следење и политичка анализа.

Модул 3: Изразување на потребите на граѓани на ЕУ

Овој моду  ќе развие способности за подобро застапување и лобирање во  ЕУ, вклучувајќи ги институтите на ЕУ и граѓанското општество, во рамките на подготовките и спроведување на политика или процесот на донесување на одлуки. Тоа ќе ги фокусира врските помеѓу Европа и граѓанското општество, како и механизмот зад законадавни и буџетски процедури на ЕУ.