Граѓанско општество за европски интеграции е проект развиен од страна на МЗЦ и АЕП кој ќе трае 14 месеции и ќе вклучи граѓански организации со цел да ги подобри нивната одржливост, автономија и целокупниот капацитет за да се вклопат во Европските стандарди за законодавство на заедницата.

Проектот е направен врз основа на подобрување на фокусот на ЕУ интеграцијата на работата на граѓанскиот сектор, и цели кон зајакнување на капацитетице на граѓанските организации за вмрежување и градење на партнерства со владата во крерање на политики и одлучувачки процеси, особено оние кои се поврзани со ЕУ реформите и препораките од Извештајот за прогрес на Европската комисија.

Цели на проектот:

  • градење капацитетите на граѓанските организации за вклучување во процесите на лобирање за реформите поврзани со ЕУ или во употребата на законодавството на ЕУ како основа на нивната лобирачка работа;
  • креирање на процеси и партнерства помеѓу граѓанскиот сектор и јавните институции со фокус на забрзување на европската интеграција и имплементирање на ЕУ реформите;
  • зајакнување на соработката на македонското граѓанско општество со релевантните европски чадор организации, како чекор кон мотивација на поинтензивна соработка и претставување на идеите и визиите на макеоднските граѓани на европско ниво.

Главните активности на проектот, поделени во временската рамка на 14 месеци, вклучуваат креирање на заеднички проектен координативен тим, тренинзи за мултиплицирање кои се состојат од три модули, пет лаборатории за идеи, студиска посета во Брисел, иницијативи за лобирање, развивање на платформа за граѓанскиот сектор, и завршна конференција со публикација од завршниот извештај на проектот.

Целните групи на овој проект се граѓански организации од Македонија. Проектот започнува со 20 граѓански организации од Македонија кои работат со маргинализирани групи и групи со помалку можности, или работат во рурални заедници или помали населби. Откако ќе им бидат проследени овие програми, елементот на врсничка едукација ќе биде воведен така што во наредната фаза, во лабораториите за идеи, ќе се вклучат уште 20 други граѓански организации. Откако и оваа фаза ќе се заврши, во наредната, групата на корисници ќе се дуплира на преку 40 нови граѓански организации кои ќе бидат вклучени во активностите. На овој начин, градењето на капацитетите на граќанските организации ќе биде направена не само преку надворешна експертиза туку и преку врсничка едукација и заедничко работење.

Како најголемо влијание кое се очекува од проектот е нивниот фокус на подобрување на вклученоста на граѓанскиот сектор во креирање на јавно мислење и креирање на политики поврзани со ЕУ интеграции и реформи. Згора на тоа, преку активно лобирање во ова поле, се очекува дека на граѓанските организации ќе им се зголемат можностите директна вклученост во одлучувачките процеси на национално и локално ниво. Граѓанските организации кои лобираат за маргинализираните групи на граѓани, млади, ЛГБТИ, Роми, и луѓе со помалку можности, ќе имаат поголеми можности да го споделат нивното мислење и да се вклучат во координацијата на национално ниво.